Работнички ремизираше без голови против Македонија ЃП

October 25, 2025

Работнички и Македонија ЃП поделија по еден бод во десеттото коло на Првата македонска лига, откако натпреварот заврши 0-0.

Првото полувреме донесе отворена и динамична игра на двете страни. Гостите од Ѓорче имаа неколку конкретни шанси за погодок, при што Талаков и Клинтон Осеи се обидуваа да го отвораат резултатот, но безуспешно. Домаќините преживеаја и опасна ситуација кога дефанзивецот Велиќ речиси си постигна автогол, но голманот Василев успеа да ја скроти топката во последен момент, обезбедувајќи индиректен удар за гостите.

Сепак, во 15.минута Димитар Трајков ја имаше најубавата шанса, но гостинската одбрана спречи гол на самата гол-линија.

Во 60. минута, Трајков се закани, а Работнички се обиде преку Манојлов и Кадриу. Првиот шутираше во голманот, додека вториот упати опасен удар од далечина, кој помина покрај левиот дирек.

Со конечните 0-0, Работнички стигна до шестиот бод сезонава.

 

Пратете ни порака или прашање

ФК Работнички

rabotnichki-b

ХЕРОЈОТ ОД ДЕБАР МААЛО
Формиран на 4 октомври 1937 година

СТАДИОН

nacionalna arena todor proeski

НАЦИОНАЛНА АРЕНА ТОДОР ПРОЕСКИ

Капацитет: 33.011 гледачи

Календар

November 2025
M T W T F S S
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930

Copyright © ФК Работнички. All rights reserved.