Тимот на Работнички ја задржа третата позиција на табелата откако одигра 0-0 на гостувањето на Чаир против Шкупи. Тимот на Горан Станиќ беше цврст во одбраната, не му дозволи на противникот да создаде стопроцентни шанси и освои бод од овој дуел. Сега Работнички со 49 бода, седум помалку од лидерот Шкендија.
Во првото полувреме, Шкупи ја имаше иницијативата, но не успеа да создаде добра можност пред голот на Игор Алексовски.
Во вториот дел, Работнички тргна поофанзивно, а најубавата шанса ја имаше Анес Рушевиќ. Тој доби одлична топка од Теодор Николовски, излезе сам пред противничкиот голман, но шутираше директно во добро поставениот Денковски.
Во финишот, шанса за Шкупи имаше Емануел Аворнио, но Игор Алексовски го одбрани неговиот удар.