Работнички ремизираше со Нови Пазар, дебитираше Демир Имери

September 6, 2025

Работнички одигра реми без голови против српскиот член на елитата Нови Пазар. Ова беше прв натпревар за тимот под раководство на новиот тренер Алпарслан Ердем.

Мечот се одигра на Градскиот стадион во Нови Пазар, а за “романтичарите” дебитираше новото засилување Демир Имери од Шкупи. Тој по повеќе од една деценија се враќа во дресот на Работнички.

Работнички одигра добар натпревар, беше рамноправен ривал, а најдобрата можност за погодок ја имаше Калани Алмеида во првото полувреме, но шутираше за малку крај голот.

Очигледно дека промената на тренерската позиција донесе одредени нови, подобри, моменти во играта на Работнички, а во наредниот период Алпарслан Ердем ќе треба да поработи и на подобрување на ефикасноста на тимот.

Пратете ни порака или прашање

ФК Работнички

rabotnichki-b

ХЕРОЈОТ ОД ДЕБАР МААЛО
Формиран на 4 октомври 1937 година

СТАДИОН

nacionalna arena todor proeski

НАЦИОНАЛНА АРЕНА ТОДОР ПРОЕСКИ

Капацитет: 33.011 гледачи

Календар

November 2025
M T W T F S S
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930

Copyright © ФК Работнички. All rights reserved.