Тимот на Работнички се пресели во Охрид, каде во наредните седум дена ќе ја реализира втората фаза од летните подготовки.
Составот на Бојан Маркоски ќе одигра два пријателски натпревари, на 24 јуни против Партизани Тирана во Струга (17.30 часот) и на 27 јуни против Балкани во Охрид (16 часот).
Претходно, Работнички одигра два меча против Силекс и двапати ремизираше. Првиот дуел во Кратово заврши 0-0, а потоа двете екипи одиграа 1-1 на вториот меч во Скопје.