Работнички, по пауза од шест сезони повторно ќе настапи на европска сцена. „Романтичарите“ обезбедија место во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, откако денешното реми меѓу Вардар и Струга ТЛ (0-0) ги направи недостижни на третата позиција на табелата.
Со тоа, избраниците на Горан Станиќ заокружуваат една целосно успешна сезона, исполнета со стабилни настапи и силна мотивација, која кулминираше со остварување на главната цел – враќање на Работнички на европската сцена.
Последниот европски настап клубот го имаше во сезоната 2018/19, кога играше во квалификациите за Лигата на Европа.
До крајот на шампионатот, нашиуот тим ќе одиграат уште три натпревари: утре гостува кај Шкендија во Тетово, в недела го пречекува Вардар во Скопје, а во последното коло патува во Струмица на дуел со Брера.