Работнички со гол од пенал поразен од Вардар

May 11, 2025

Работнички доживеа минимален пораз (0-1) од Вардар во претпоследното 32. коло од Првата македонска фудбалска лига. Натпреварот се одигра на комплексот „Петар Милошевски“ при ФФМ и понуди борбена игра, а клучниот момент се случи во 68. минута, кога Горан Закариќ од белата точка го постигна единствениот гол.

 

Работнички прв се закани преку Димитар Данев по слободен удар, но без реална опасност. За Вардар, Роџерс Мато ја имаше првата шанса, но Игор Алексовски успеа да интервенира. До крајот на првото полувреме, Вардар имаше неколку обиди, главно преку прекини, но без конкретна закана.

 

Во вториот дел, Работнички започна поофанзивно, а Вардар беше поопасен преку контранапади.

Одлучувачкиот момент дојде по еден скратен корнер. Закариќ влезе во шеснаесетникот, а судијата Ќерими покажа на белата точка по стартот на Гандо Биала. Фудбалерите на Работнички имаа замерки за одлуката, но пеналот остана на сила, а Закари сам го реализираше за водство од 0-1.

 

По примениот гол, Работнички притисна за израмнување, но Вардар успеа да го сочува својот гол.

 

Пратете ни порака или прашање

ФК Работнички

rabotnichki-b

ХЕРОЈОТ ОД ДЕБАР МААЛО
Формиран на 4 октомври 1937 година

СТАДИОН

nacionalna arena todor proeski

НАЦИОНАЛНА АРЕНА ТОДОР ПРОЕСКИ

Капацитет: 33.011 гледачи

Календар

May 2025
M T W T F S S
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031  

Copyright © ФК Работнички. All rights reserved.