Работнички загуби и на реваншот од Торпедо-Белаз

July 17, 2025

Работнички е елиминиран уште на стартот од европската авантура. Белорускиот тим Торпедо-Белаз славеше и на реваншот во Скопје со резултат 0-1, и со вкупни 0-4 сосема заслужено избори пласман во второто квалификациско коло од Конференциската лига.

По поразот на првиот натпревар, Работнички се надеваше дека ќе успее да возврати на домашен терен. Но, се покажа дека Торпедо-Белаз е посилен и поквалитетен противник.

Клучниот момент на денешниот натпревар се случи во 14. минута.

Стивен Алфред ја искористи слабата реакција на одбраната на Работнички и со удар со глава, по изведен корнер од левата страна, постигна гол за Торпедо-Белаз. Со овој погодок паднаа сите надежи дека Работнички може да направи пресврт во овој двомеч.

Пратете ни порака или прашање

ФК Работнички

rabotnichki-b

ХЕРОЈОТ ОД ДЕБАР МААЛО
Формиран на 4 октомври 1937 година

СТАДИОН

nacionalna arena todor proeski

НАЦИОНАЛНА АРЕНА ТОДОР ПРОЕСКИ

Капацитет: 33.011 гледачи

Календар

November 2025
M T W T F S S
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930

Copyright © ФК Работнички. All rights reserved.