Работнички загуби од Шкендија, но не разочара со играта

May 7, 2025

Работнички забележа пораз (2-1) од Шкендија во 31.коло од Првата фудбалска лига. Сепак, и покрај поразот, тимот на Горан Станиќ прикажа допадлива игра, посебно во второто полувреме, кога имаше шанси и за израмнување.

 

Мечот започна идеално за домаќините – уште во петтата минута Лиридон Латифи погоди за водство, на асистенција од Рамадани. Тетовчани во 33. минута преку Фабрис Тамба ја зголемија предноста на 2-0, откако тој реализираше по прецизната дијагонала од Алхасан.

Во вториот дел, Работнички доби шанса да се врати преку пенал – Кристоџеј Далеј реализираше за 2-1 во 62. минута.„Романтичарите“ имаа шанса и за израмнување, Гандо Биала шутираше од прва по уфрлувањето на Далеј од левата страна, но Амзаи успеа да одбрани.

На спротивната страна, Алексовски со одлична одбрана го скроти ударот на Бесарт Ибраими.

Пратете ни порака или прашање

ФК Работнички

rabotnichki-b

ХЕРОЈОТ ОД ДЕБАР МААЛО
Формиран на 4 октомври 1937 година

СТАДИОН

nacionalna arena todor proeski

НАЦИОНАЛНА АРЕНА ТОДОР ПРОЕСКИ

Капацитет: 33.011 гледачи

Календар

July 2025
M T W T F S S
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

Copyright © ФК Работнички. All rights reserved.