Работнички загуби со 0-2 од Тиквеш на натпреварот од 12. коло од Првата македонска фудбалска лига. Натпреварот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ понуди динамична игра, но бодовите ги освои тимот од Кавадарци.
Првото полувреме беше израмнето. Гостите имаа шанса преку Александар Мишов, но без реализација. Најопасниот момент за Работнички го имаше Калани со удар од десет метри, кој го одбрани голманот Стевковски. На паузата резултатот остана 0-0.

Во второто полувреме, Тиквеш ги зголеми темпото и во 68. минута Иван Ивановски нафрли за Даниел Миловановиќ, кој го совлада голманот Васко Василев за водство од 0-1. Работнички се обиде да реагира со офанзива и внесување на Хоџа и Далеи, но без успех.
Во 81. минута Тиквеш стигна до конечни 0-2 преку искусниот Кристијан Стојкоски, кој успеа да погоди од околу 25 метри.






