Работнички загуби од Вардар откако остана со десетмина играчи

September 21, 2025

Работнички го загуби градското дерби од Вардар со 3-1, откако остана со десетмина играчи. Исклучен беше капитенот Бесир Демири во второто полувреме, а во 41.минута судијата Игор Стојчевски досуди сомнителен пенал за Вардар.

Работнички отвори агресивно и уште во седмата минута поведе. Трајков одзеде топка и асистираше до Имери, кој рутински го совлада Талески. Тоа беше прв погодок за 29-годишниот офанзивец оваа сезона.

Вардарци веднаш тргнаа по израмнување, но Василев блескаше меѓу стативите и редеше одбрани по ударите на Данев, Мато, Бабунски и Омерагиќ. Работнички пак се закани преку Демири со обид од центар и преку Трајков, но овојпат Талески ја спаси ситуацијата.

Клучниот момент во првиот дел дојде во самиот финиш, кога судијата Игор Стојчевски виде дека Демири играше со рака во шеснаесетник. Покажа на белата точка, а Давид Бабунски сигурно реализираше за 1-1.

Вториот дел почна лошо за Работнички. Капитенот Бесир Демири доби црвен картон во 56. минута. Вардар веднаш ја искористи предноста од играч повеќе и преку Кастанеда направи пресврт за 2-1.

До крајот, Мато постигна погодок во 69.минута и го постави конечниот резултат, 3-1.

Пратете ни порака или прашање

ФК Работнички

rabotnichki-b

ХЕРОЈОТ ОД ДЕБАР МААЛО
Формиран на 4 октомври 1937 година

СТАДИОН

nacionalna arena todor proeski

НАЦИОНАЛНА АРЕНА ТОДОР ПРОЕСКИ

Капацитет: 33.011 гледачи

Календар

November 2025
M T W T F S S
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930

Copyright © ФК Работнички. All rights reserved.