Работнички го официјализираше првиот летен трансфер. Во Дебар Маало пристигна младинскиот репрезетативец Васко Василев, кој важи за еден од најголемите таленти меѓу стативите во македонскиот фудбал.
Василев е актуелен член на репрезентацијата на Македонија до 21 година и зад себе има богато фудбалско искуство и покрај младите години. Минатата сезона го бранеше голот на Гостивар, а претходно настапуваше за младинските категории на Вардар, белградските Црвена Звезда и Рад, како и за португалскиот Беира Мар.
Младиот голман потпиша тригодишен договор со Работнички.
Со ова засилување, Работнички најавува нова амбициозна сезона во Првата македонска фудбалска лига.