shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Чума Анене со емотивно збогување: Работнички влегува во крвта…

Норвежанецот со нигериско потекло Чума Анене од Работнички направи трансфер во рускиот клуб Амкар, а напиша емотивна порака до играчите, стручниот штаб и раководството на клубот, како и до сите симпатизери на „романтичарите“.

chuma anene fejsbuk

„Не можам да опишам колку овој клуб ми значи. Навивачите, играчите и Работнички како клуб. Се беше апсолутно неверојатно. Работнички е семејство. Влегува во крвта, Секој во и околу клубот заслужува медал. Заслужува најдобро што може да биде. Успеавме заедно и секој индивидуално ќе успее. Работнички е нешто што никој не може да го прекопира. Тоа е единствено. Тоа е љубов, тоа е тим број 1 во Македонија. Нема пари што можат тоа да го купат. Бог нека ве благослови сите. Довидување Работнички. Довидување Македонија. Додека не се сретнеме повторно“, напиша меѓудругото Чума Анене како свое збогување од „романтичарите“.

Чума Анене потпиша двегодишен договор со Амкар, каде ќе го носи дресот со број „11“.

Leave a Reply