shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Мирослав Јовановски, прво засилување

Досегашниот фудбалер на Тетекс, Мирослав Јовановски е првото засилување на Работнички за новата сезона. Договорот за соработка со 24-годишниот фудбалер има важност во следните две години, а тој треба да биде едно од освежувањата на средниот ред.

„Потпишав двегодишен договор со освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Работнички и може да кажам дека сум навистина презадоволен што доаѓам во еден ваков клуб со долга традиција и во последните години сигурно најдобриот тим кој го претставува македонскиот фудбал во Европа“ – Мирослав Јовановски.

Тој смета дека брзо ќе се вклопи во новата средина.

„Сум играл заедно со неколку играчи од тимот на Работнички, па верувам дека брзо ќе се вклопам. Сега ни останува добро да се подготвиме и за настапите во Европа во јули, но и за новото првенство. Знам дека Работнички е спој на искуство и младост и е најдобриот мој избор за продолжување на кариерата. Од Тетекс носам убави спомени и му посакувам брзо враќање во елитата“ – истакнува Јовановски.

Leave a Reply