shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Кире Ристевски, една година во Работнички

Македонскиот репрезентативец Кире Ристевски денеска и официјално потпиша едногодишен договор со Работнички. 24-годишниот дефанзивец веднаш се приклучува на нашиот тим.

„Ги финализиравме преговорите со Ристевски и можеме да кажеме дека на задоволство на двете страни официјално потпишавме едногодишен договор, дополнително засилувајќи ја конкуренцијата во одбраната на тимот“ – изјави спортскиот директор на Работнички, Иван Поповски.

Кире Ристевски веќе од утре се приклучува на подготовките на тимот во Чатеж, Словенија. Претходно во својата кариера има настапувано за Пелистер, албанските Елбасан и Билиш Балш, како и Славија Софија, а последен негов клуб изминатава сезона беше Тирана.

Leave a Reply