shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Одржан тренингот во Јелгава: Оптимизам меѓу „романтичарите“

Фудбалерите на Работнички го одржаа единствениот тренинг на „Земгале олимпискиот центар“, стадион со капацитет од само 2.200 седишта, во пресрет на утрешниот дуел против летонскиот тим Јелгава, во рамките на второто квалификациско коло од Лигата на Европа.

Како што нагласува стратегот на Работнички, Игор Ангеловски, со максимална почит се пристапува против овој противник, но секако и со верба во своите квалитети.

„Добро го анализиравме тимот на Јелгава, и мислам дека сме максимално подготвени и за овој предизвик на Балтикот. Повторно ќе играме наша игра, со контрола на топката, и офанзивно со желба да се постигне гол. Јелгава игра цврст, борбен, фудбал со многу дуели, а во нападот се опасни од прекините. Впрочем, за тоа доволно зборува и фактот дека го елиминираа Литекс. Но, имаме сили да се спротиставиме соодветно и на нивни терен“ – вели Ангеловски.

Летонскиот претставник Јелгава во претходната рунда го елиминираше бугарскиот клуб Литекс.

Leave a Reply