Одржан тренингот на „Централни стадион“ во Казан
Тимот на Работнички го одржа последниот тренинг пред утрешниот историски натпревар против рускиот Рубин, преку кој може да дојде и до групната фаза од Лигата на Европа. Фудбалерите ја почувствуваа атмосферата на „Централни стадион“ во Казан, каде утревечер ќе ги одмерат силите со силниот руски клуб.
Последниот тренинг мина во релаксирана подготовка на фудбалерите на македонскиот вицешампион. Сите мисли веќе се насочени кон утрешниот дуел…