Триумф над Турново (4-2) и први бодови во новата сезона
Работнички ја оствари првата победа во новата сезона од македонскиот шампионат. По несреќниот пораз против Брегалница, тимот предводен од Игор Ангеловски комплетно одговори на предизвикот против Хоризонт Турново и победи со 4-2.
Во дуел со расположени стрелци, Чума Анене го отвори резултатот во 30.минута. Матуте израмни на 1-1 во 57.минута, но само четири минути подоцна Работнички повторно поведе преку капитенот Баже Илијоски.
Сашко Пандев израмни на 2-2 во 64.минута, но Чума Анене и Мирослав Јовановски во завршницата од овој дуел донесоа три бода за нашиот тим.
РАБОТНИЧКИ – Х.ТУРНОВО 4-2 (1-0)
Стадион во Ѓорче Петров. Гледачи: 500. Судија: Дејан Јакимовски. Стрелци: Анене 30’, 80’, Илијоски 61’, Јовановски 90’ (Раб), Матуте 57’, С. Пандев 64’. Ж. картони: Цикарски, Сахити, Јовановски (Раб), Милушев, Илиев, Мавров, Стоилов (Тур). Ц. картон: Таипи (Тур).
РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Силјановски, Илиевски, Ристевски, Цикарски, Трајчевски (20’ Анене), Петровиќ, Вујчиќ, Алтипармаковски (81’ Јовановски), Илијоски, Маркоски (67’ Сахити).
Х. ТУРНОВО: Јованов, Ташев (58’ Таипи), Милушев, Илиев, Тафе, Мавров, Најденов (46’ Стоилов), Матуте (88’ Кочоски), Иванов, Пандев, Имери.