Илијоски го реши Силекс (2-0)
Работнички стигна до нова победа во шампионатот, совладувајќи го Силекс со 2-0 на стадионот во Ѓорче Петров. Капитенот Баже Илијоски искористи неколку моменти на невнимание во гостинската одбрана и постигна два гола за две минути, со кои на крајот беше и одлучен победникот.
Илијоски во 18.минута го отвори резултатот, а само една минута подоцна постигна уште еден погодок, зголемувајќи на 2-0.
Силекс, со оглед дека по половина час игра остана со играч помалку поради исклучувањето на Стефан Рудан, немаше сили да стори нешто повеќе пред голот на Даниел Божиновски и нашиот состав рутински стигна до нови три бода.
РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 2-0 (2-0)
Стадион во Ѓорче Петров. Гледачи: 300. Судија: Фатон Мустафи. Стрелец: Илијоски 18’, 19’ (Раб). Ж. картони: Силјановски, Трајчевски (Раб), С. Рудан, М. Рудан (Сил). Ц. картон: С.Рудан (Сил).
РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Силјановски, Илиевски, Ристевски, Цикарски, Петровиќ (46’ Трајчевски), Јовановски, Вујчиќ (62’ Сахити), Алтипармаковски, Илијоски (75’ Ристовски), Маркоски.
СИЛЕКС: Митровиќ, Иванов, С. Рудан, Мицков, Дурански, Митевски, Ѓурчиновски (70’ Глигоров), Тимовски, Гуцев, Недељковиќ (46’ М. Рудан), Распашковски (46’ Ацевски).