Реми на Чаир (1-1), малку недостигаше за триумф
Работнички ремизираше (1-1) на гостувањето против Шкупи и освои еден бод, иако може да се каже дека нашиот тим беше многу поблиску до победата. Сепак, домаќинот со погодок од пенал во самата завршница успеа да стигне до израмнување и до еден бод.
Баже Илијоски во 17.минута на одличен начин ја надмудри одбраната на Шкупи и ја затресе мрежата на Зендели. Водството го имавме се до последните пет минути, кога Леон
Најдовски невнимателно стартуваше во сопствениот шеснаесетник, а судијата Маркоски покажа на белата точка. Бајрами успеа да го реализира пеналот и донесе еден бод за Шкупи.
ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 1-1 (0-1)
Стадион во Чаир. Гледачи: 1.500. Судија: Марјан Маркоски. Стрелци: Бајрами 86’ пен. (Шку), Илијоски 17’ (Раб). Ж. картони: Најдовски (Раб).
ШКУПИ: Зендели, Лазаревски, Асани, Мурати, Адили, Бајрами, Нухиу (57’ Османи), Б.Асани, Исени (66’ Демири), Бае, Бојку (70’ Ариф).
РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Илиевски, Најдовски (88’ Боцевски), Цикарски, Петровиќ, Трајчевски, Јовановски (80’ Ристовски), Вујчиќ, Алтипармаковски, Митров (46’ Маркоски), Илијоски.