Пораз од Шкендија во „дожд од голови“ (2-4)
Работнички имаше водство по еден час игра, но Шкендија успеа да ги освои бодовите во дерби – натпреварот што се одигра на стадионот во Ѓорче Петров, совладувајќи го нашиот тим со 2-4.
Мечот почна одлично, со гол на Баже Илијоски уште во шестата минута, но Ферхан Хасани израмни во 18.минута од средбата.
На почетокот од вториот дел, повторно Работнички дојде во водство со голот на Душко Трајчевски, но незадржлив беше Хасани, кој со два гола во период од три минути направи резултатски пресврт, од 60. до 62.минута. Пред крајот Вручина постигна и четврти гол за Шкендија, со кој ги разреши дилемите околу победникот.
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 2-4 (1-1)
Стадион во Ѓорче Петров. Гледачи: 1.000. Судија: Димитар Мечкаровски. Стрелци: Илијоски 6’, Трајчевски 50’ (Раб), Хасани 18’, 60’, 62’, Вручина 72’ (Шке). Ж. картони: Ристевски, Митров (Раб), Демири, Вручина (Шке).
РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Илиевски, Ристевски, Цикарски, Петровиќ, Трајчевски, Вујчиќ, Алтипармаковски, Митров (82’ Ристовски), Маркоски, Илијоски.
ШКЕНДИЈА: Јовановски, Бејтулаи, Цуцули, Положани, Тодоровски, Алими, Демири, Хасани, Тотре (80’ Бериша), Ибраими (84’ Радески), Жуниор (61’ Вручина).