shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Пораз во последните моменти на дербито со Вардар (2-1)

Работнички доживеа несреќен пораз од Вардар (2-1), откако прими гол во третата минута од судиското продолжение. Буквално во последниот напад, по една мешаница во шеснаесетникот на Божиновски, Горан Попов се снајде најдобро и го постигна победничкиот погодок за Вардар, кој играше и со играч помалку поради исклучувањето на Цезар Ромеро.

А дербито почна одлично за Работнички. Во 23.минута Баже Илијоски одлично ја материјализираше убавата акција го доведе нашиот тим во водство.

На почетокот на вториот дел, по едно невнимание во одбраната на Работнички, Филип Ивановски успеа да го израмни резултатот. Во самиот финиш, Вардар стигна и до победа од 2-1 и три бода со погодокот на Попов.

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 2-1 (0-1)

Арена „Филип втори“ во Скопје. Гледачи: 1.000. Судија: Дејан Јакимовски. Стрелци: Ивановски 51’, Попов 90+3’’ (Вар), Илијоски 23’ (Раб). Ж. картони: Пачовски, Николов(Вар), Трајчевски, Петровиќ, Митров (Раб). Ц. картон: Ромеро (Вар)

ВАРДАР: Пачовски, Брдаровски (62’ Хамбарџумјан), Грнчаров, Мијушковиќ, Попов, Глигоров, Николов (46’ Дашјан), Рибеиро, Ромеро, Блажевски, Ивановски.

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Илиевски (58’ Митров – 88’ Ристовски)), Ристевски, Најдовски, Цикарски, Петровиќ, Трајчевски, Вујчиќ, Алтипармаковски, Маркоски, Илијоски (77’ Јовановски).

Leave a Reply