shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Суперкупот решен на пенали, лотаријата му го додели на Вардар

Работнички на несреќен начин го загуби првиот трофеј оваа сезона, откако на пенали загуби од актуелниот шампион Вардар во Суперкупот на Македонија. По регуларниот дел од мечот, а и потоа по продолженијата, резултатот беше 1-1.

Филип Ивановски го донесе Вардар во водство во 11.минута кога успеа со одмерен удар да го совлада Шишковски. На самиот старт од вториот дел, Баже Илијоски успеа да го израмни резултатот.

superkup vardar - rabotnicki

По 120 минути немаше победник, па следеа пеналите. Цикарски и Хамбарџумјан беа прецизни во првата серија, исто и Вујчиќ и Стојков во втората, Илиевски погоди за Работнички, но Филип Ивановски не успеа. Дамјан Шишковски го одбрани неговиот удар.

Но, се реваншира и Филип Гачевски, кој го одбрани ударот на Алтипармаковски. Глигоров израмни на 3-3 во пенал серијата.

Гачевски го одбрани и пеналот на Кире Ристевски, а Фелипе постигна погодок за конечен триумф од 4-3 на пенали.

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 1-1 (1-1) на пенали 4-3

Арена „Филип втори“ во Скопје. Гледачи: 1.500. Судија: Александар Ставрев. Стрелци: Ивановски 11’ (Вар), Илијоски 47’ (Раб). Ж. картони: Хамбарџумјан, Мијушковиќ (Вар), Илиевски, Цикарски, Херера, Илијоски (Раб).

ВАРДАР: Гачевски, Хамбарџумјан, Велковски (89’ Грнчаров), Мијушковиќ, Попов, Глигоров, Николов, Рибеиро, П. Петковски (55’ Стојков), Блажевски (73’ Љамчевски), Ивановски.

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Илиевски, Ристевски, Најдовски, Херера (75’ Митров), Петровиќ, Трајчевски, Вујчиќ, Ристовски (59’ Вујчиќ), Маркоски, Илијоски (68’ Алтипармаковски).

Leave a Reply