Емир Сахити доби право на настап за Работнички
Емир Сахити, засилувањето за нашиот клуб од изминатиот летен преоден рок, денеска и официјално доби право за настап за екипата на Работнички. Откако се регулирани сите процедури и добиена е согласност од ФИФА, а потоа и проследена низ инстанците на ФФМ, Сахити може да настапува за нашиот тим.
Помладиот брат на Суад Сахити, кој игра на позицијата офанзивен играч за врска, дефинитивно се очекува да биде сериозно освежување за составот на Игор Ангеловски во трката за висок пласман во шампионатот и излез на европската сцена. Тој своето деби би можел да го има веќе на следниот првенствен натпревар против Брегалница, на арената „Филип Втори“ во Скопје.