Петровиќ и Илијоски со повик во А-репрезентацијата
Двајца фудбалери на Работнички, Милован Петровиќ и Баже Илијоски, се најдоа на списокот на селекторот Игор Ангеловски за претстојните два пријателски натпревари на репрезентацијата на Македонија против Црна Гора (12 ноември) и против Либан (17 ноември). Тие во понеделник (09. ноември) треба да се јават на прозивката во хотелот „Гранд Плаза“ и се наоѓаат меѓу 16-те фудбалери кои се повикани за овие контролни дуели.
Овојпат во одбраната не се повикани Кире Ристевски и Мите Цикарски, кои беа дел од минатата репрезентативна сесија под водство на Љубинко Друловиќ.
Нашиот тим до репрезентативната пауза го очекуваат уште два првенствени натпревари. В среда (13.30 часот) Работнички му гостува на Младост Царев Двор во Охрид, во рамки на одложениот натпревар од четвртото првенствено коло, додека в недела во рамки од 14.коло, тимот му гостува на Силекс во Кратово.