Против Силекс во четвртфиналето од Купот на Македонија
Денеска во просториите на ФФМ беше одржана ждрепката за четвртфиналето од Купот на Македонија. На патот до одбраната на трофејот во ова натпреварување, Работнички ќе се сретне со екипата на Силекс.
Првиот натпревар ќе се игра на националната арена „Филип Втори“ со почеток од 13 часот, додека реваншот е во Кратово на 2. декември, исто така од 13 часот.
Во останатите четвртфинални натпревари ќе се сретнат, Шкендија – Вардар, Македонија ЃП – Хоризонт Турново и Младост ЦД – Брегалница.