Убедлив триумф на гости против Младост Царев Двор (0-3)
Работнички го совлада Младост Царев Двор со убедливи 0-3 во одложениот натпревар од 4.коло во Првата фудбалска лига на Македонија. Со ова нашиот тим се искачи на третата позиција на табелата со 19 освоени бода по 13 одиграни кола.
Капитенот Баже Илијоски го отвори резултатот од пенал во 45.минута, откако претходно Марјан Алтипармаковски беше соборен во противничкиот шеснаесетник. Притоа Младост Царев Двор остана и со играч помалку поради црвениот картон доделен за Христијан Грозданоски.
Во второто полувреме, нашиот тим умешно ја искористи играчката предност и постигна уште два погодоци. Кире Маркоски во 74.минута зголеми на 0-2, а Баже Илијоски во 84.минута го постави конечниот резултат на овој меч.
МЛАДОСТ ЦАРЕВ ДВОР – РАБОТНИЧКИ 0-3 (0-1)
Стадион „Атина Бојаџи“. Судија: Фатон Мустафи. Гледачи: 200. Стрелци: Илијоски 45’ пен., 84’, Маркоски 74’ (Раб). Ж. картони: Т. Вељаноски (Мла). Ц. картон: Грозданоски (Мла).
МЛАДОСТ ЦАРЕВ ДВОР: Петровски, Н. Вељаноски, Симјановски, Т. Вељаноски, Грозданоски, Далчески, Коњарски, Каланоски (68’ Елмазовски), Димоски (70’ Азизи), Сали (39’ Николовски), Марковски.
РАБОТНИЧКИ: Божиновски (62’ Шишковски), Илиевски, Ристевски, Трајчевски, Цикарски, Петровиќ, Јованоски, Вујчиќ, Маркоски (87’ Ем. Сахити), Алтипармаковски (73’ Су.Сахити), Илијоски.