Работнички не знае за пораз од Силекс цели 3,5 години
Работнички со двата триумфи во серија против Младост Царев Двор стигна до третата позиција на табелата, прескокнувајќи го токму Силекс, кој го чуваше ова место речиси од стартот на шампионатот, прикажувајќи квалитетни игри. Утрешниит дуел (13 часот) во Кратово ќе биде и своевидна пресметка за таа трета позиција, барем во овој момент, но исто така и најава за дуелите од четвртфиналето на Купот кои претстојат, меѓу Работнички и Силекс.
Ако се погледне статистиката, таа е апсолутно на страна на нашиот тим, и вели дека Работнички нема пораз од Силекс цели 3,5 години. Последниот пораз во Кратово, Работнички го доживеа на 11 април 2012 година, кога Силекс победи со 1-0. Но, оттогаш, Работнички има осум победи и еден меч завршил без голови.
„Не очекува тежок натпревар, но ние сме подготвени за да одиграме уште еден квалитетен натпревар и сакаме да ја продолжиме победничката серија во која влеговме. Силекс е екипа што секако ја респектираме, посебно добро играат на домашен терен во Кратово, но верувам во своите фудбалери и очекувам позитивен резултат. Традицијата, статистичките показатели се на наша страна, но, сепак, утрешните случувања на стадионот во Кратово ќе бидат најважни. Статистиката може да биде еден дополнителен мотив за фудбалерите, но ќе треба да одиграме најдобро што знаеме, доколку сакаме да освоиме бодови против Силекс. Сега размислуваме само за првенствениот меч, а потоа ќе се фокусираме на меѓусебните куп – дуели во четвртфиналето на најмасовното натпреварување“, вели тренерот Игор Ангеловски.