Перфектен ефект на младинската школа во дуелите од Купот
Селекциите од пионерско – младинската школа на Работнички имаа перфектен резултатски настап во дуелите од националниот Куп. Младинците успеаја уште еднаш убедливо да го поразат Металург и на „Железарница“ со 0-3, откако и првиот меч го победија со 5-0. На денешниот натпревар, двоен стрелец беше Елиф Елмас кој веќе има и сениорско искуство, а во листата на стрелците се запиша Јане Стојанов.
Тренерот Драган Стојановски во изведе следниот почетен состав: Јанков, Гичевски, Далчески, Петкоски, Боцевски, Боневски, Грујоски, Кудијан, Елмас, Ацковски, Ристовски.
Кадетите на Работнички исто така се пласираа во следната рунда од Купот на Македонија, откако ја елиминираа Шкендија. Тие денеска славеа на гости со 0-1, потврдувајќи го триумфот од 4-1 што го остварија претходно на домашен терен.
Пионерите го совладаа Пелистер на гости со 0-1, а со идентичен резултат славеа и на првиот меч.
Помладите пионери го загубија денешниот натпревар на гости против Младост Царев Двор со 1-0, но имаа голема предност од првиот натпревар (4-0) и се пласираа во следната рунда од ова натпреварување.