Б-тимот на Работнички поразен од Вардар
Паузата во шампионатот дел од фудбалерите на Работнички денеска ја пополнија со одигрување на натпревар меѓу Б-тимовите, а ривал на стадионот во Ѓорче Петров беше Вардар. Нашиот тим во „резервен“ состав, засилен со Силјановски, Најдовски и Митров, кои беа повредени подолг период, загуби со 3-1, но на спротивната страна беше речиси најсилниот состав на Вардар, во кој продефилираа и повеќемина стандардни првотимци.
По првото полувреме, Работнички имаше водство со голот на Емир Сахити постигнат во 24.минута. Тој со одличен соло пробив ја надмудри одбраната на „црвено-црните“ и со силен удар ја затресе мрежата на Гачевски.
Вардар во вториот дел во игра го уфрли Дејан Блажевски, а тој со два гола направи резултатски пресврт. Во 55.минута од пенал израмни на 1-1, пет минути подоцна постигна и гол за водство, а конечниот резултат го постави Темелков, со погодокот во 67.минута од средбата.
За Работнички на овој натпревар настапија следните фудбалери: Јанков, Силјановски, Борха, Ацковски, Најдовски, Херера, Ристовски, Сахити, Елмаз, Салиу, Митров. Уште играа: Кудијан, Боцевски, Боневски, Гичевски, Далчевски.