Илијоски и Петровиќ настапија за Македонија против Либан
Фудбалерите на Работнички, Баже Илијоски и Милован Петровиќ настапија за репрезентацијата на Македонија на пријателскиот натпревар против Либан денеска на националната арена „Филип Втори“.
Илијоски влезе во игра на стартот од второто полувреме на местото на Илија Несторовски, додека Петровиќ доби шанса за настап од 63. минута кога го замени Никола Глигоров. За жал, Македонија не успеа да ја дополни победата од претходниот натпревар против Црна Гора, доживувајќи пораз од Либанците од 0-1.
Претходно, и Кире Маркоски имаше повеќе од успешна улога во ремито на младата репрезентација на Македонија против Франција од 2-2 во квалификациите за пласман на ЕП 2017. Дамјан Шишковски остана на клупата за резервни фудбалери.
По завршувањето на репрезентативните обврси, од утре нашиот тим во комплетен состав ги продолжува подготовките пред финишот на есенскиот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига.