Поради пренос на ФФМ, против Шкупи в недела на „Филип Втори“
И покрај тоа што првично беше предвидено натпреварот меѓу Работнички и Шкупи, од 15. коло во Првата македонска фудбалска лига да се одигра в сабота (21. ноември), сепак, со одлука на ФФМ, поради пренос во живо на интернет страницата на Фудбалската федерација на Македонија, ќе се игра в недела (22. ноември) од 13 часот.
И останатите четири натпревари од ова коло ќе се играат во недела (22. ноември), исто така од 13 часот.
ПРВА ЛИГА – 15. КОЛО
РАБОТНИЧКИ – Шкупи
Силекс – Младост
Ренова – Шкендија
Хоризонт Турново – Вардар
Брегалница – Металург