Куп: Втор триумф над Силекс, за полуфинале
Работнички се пласира во полуфиналето на Купот на Македонија, откако оствари и втор триумф над Силекс, победувајќи со 1-2, во возвратниот меч од четвртфиналето, одигран денеска во Кратово. По убедливата победа на првата средба во Велес (3-0), нашиот тим беше подобар од Силекс и во реваншот.
Марјан Алтипармаковски во 13.минута го искористи невниманието во одбраната на Силекс и го доведе Работнички во водство од 0-1. До крајот на првиот дел не беа искористени уште неколку можности, а Бобан Мариќ израмни од пенал во 59.минута од средбата.
Силекс остана со играч помалку во 73.минута по исклучувањето на Момчило Рудан, а Кире Маркоски со успешно реализиран удар од белата точка донесе триумф за нашиот состав од 1-2.
Со вкупен резултат од 5-1, Работнички доминантно обезбеди пласман меѓу четирите најдобри екипи во најмасовното фудбалско натпреварување, во кое ја брани круната освоена лани.
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 1-2 (0-1)
Стадион во Кратово. Гледачи: 100. Судија: Фатон Мустафи (Тетово). Стрелци: Мариќ 59’ (Сил), Алтипармаковски 13’, Маркоски 76’ пен (Раб). Ц. картон: М. Рудан (Сил).
СИЛЕКС: Митровиќ, С. Рудан, Тодоров, Мариќ, Ристевски, М. Рудан, Д. Ѓурчиновски, Распашковски, Пановски, Клечкароски, Н. Ѓурчиновски.
РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Силјановски, Најдовски, Ристевски, Херера, Трајчевски, Јованоски, Митров (Су.Сахити), Ем.Сахити, Маркоски, Алтипармаковски (46’ Ристовски).