Нека 2016 година донесе многу нови радости!
Фудбалскиот клуб Работнички на сите свои членови, симпатизери, навивачи, деловни соработници и спортски пријатели и ривали им ја честита Новата 2016 година, со желба да им донесе многу нови радости. Здравјето секогаш е најважно и треба да си го чуваме, среќата е важен фактор, но таа се заслужува со напорна работа и многу труд. Во фудбалот и во спортот воопшто, среќата ги следи храбрите, оние што знаат што сакаат, со јасно поставена стратегија и цел.
Работнички во 2016 година има многу нови желби, да продолжи по добро зацртаниот пат на надградување на клубот и на тимот, а целта секако се нови радости, успеси, освојување на трофеи во Македонија, но и во Европа.
Среќна Нова 2016 година,
ФК Работнички