Одбележан роденденот на Петровиќ и на Херера
Фудбалерите на Работнички ги одработија првите тренинзи во Анталија, а по напорната работа следува и малку одмор. Па, дури и мала забава, по повод одбележување на родениот ден на Милован Петровиќ и на Себастијан Херера.
Репрезентативецот Петровиќ наполни 26 години, додека Херера е пет години помлад, и претставува перспектива и за македонскиот фудбал, со оглед дека веќе има и македонски пасош. Се разбира, персоналот во хотелот „Мирикл Ресорт“ се погрижи и за торта за славениците, во боите на Работнички.