Работнички ремизираше со Волунтари
Работнички одигра 1-1 против романскиот прволигаш Волунтари во четвртиот пријателски натпревар на подготовките во Анталија. Романците поведоа во 65.минута, а Милан Ристовски со погодок во 82.минута успеа да го израмни резултатот.
Работнички одигра квалитетен натпревар, беше рамноправен ривал, но, сепак романскиот тим прв дојде до водство. Избраниците на Томислав Франц успеаја во завршницата да наметнат свое темпо и да стигнат до реми.
За Работнички мечот го започнаа следните фудбалери: Шишковски, Најдовски, Борха, Илиевски, Цикарски, Петровиќ, Јовановски, Емир Сахити, Галиќ, Маркоски, Пушкариќ. Уште играа: Силјановски, Суад Сахити, Најденов, Елмас, Ристовски, Херера.