Бојан Марковски нов член на Работнички
Работнички постигна договор за ангажман на повремениот македонски репрезентативец Бојан Марковски. Тој денеска потпиша едногодишен договор со клубот и ќе се приклучи на работата со тимот, откако експедицијата утре ќе се врати од подготовки во Анталија.
Искусниот стопер Бојан Марковски (32) треба да биде вистинска замена за Кире Ристевски, кој оваа зима замина во редовите на Вашаш, и сигурно ќе ја засили конкуренцијата во одбранбените редови.
Марковски ја почна кариерата во Цементарница, беше дел од Вардар, а потоа замина на печалба, прво во српскиот клуб Бежанија, потоа и во ОФК Београд. Од 2009 година настапуваше на Кипар, каде ги бранеше боите на Еносис, Аполон Лимасол и Аја Напа.