Баже Илијоски потпиша за Келантан во Малезија
Досегашниот капитен на Работнички, Баже Илијоски, и официјално направи трансфер во Малезија, каде што потпиша договор со тамошниот прволигаш Келантан. Раководството на Работнички му излезе во пресрет на напаѓачот и му дозволи да направи трансфер, согласно клупската политика, иако претходно Илијоски веќе имаше договорено нова двегодишна соработка со нашиот клуб.
Келантан е клуб формиран во 2009 година, минатата сезона заврши на деветтата позиција во првенството на Малезија, а во новата сезона има многу поголеми амбиции.
На местото на Баже Илијоски, Работнички го ангажираше Борче Маневски, кој потпиша едногодишен договор и се врати во нашите редови по престојот на Тајланд.