Од школата на Црвена Звезда има што да се научи
Младинската школа на Работнички работи со полна пареа, а изминатиов викенд младите фудбалери имаа меѓународни тестови со една од најдобрите школи на Балканот, подмладокот на српскиот клуб Црвена Звезда. Фудбалската школа на „црвено-белите“ се наоѓа на зимски подготовки во СЦ „Истатов“, а неколку генерации на Работнички одиграа пријателски натпревари со нив. Забележана е победа, но и високи порази. Сепак, секогаш има што да се научи од Црвена Звезда.
Генерацијата на фудбалери родени 2002 година успеа да слави против своите врсници од Црвена Звезда со 1-0. Останатите генерации доживеаја порази. Генерацијата 2003’ загуби со 0-4, фудбалерите родени 2005 година беа поразени со 0-7, додека највисок пораз забележа генерацијата 2006’, губејќи со 0-11.