Маневски успешно опериран по скршеницата на раката
Фудбалерот на Работнички, Борче Маневски, утринава успешно е опериран во Градската болница во Скопје, откако на вчерашниот тренинг заработи двојна скршеница на левата рака. Тој веднаш беше згрижен и префрлен во болница, а извршен му е хируршки зафат за санирање на повредата.
„Се чувствувам добро, се надевам дека рехабилитацијата ќе мине во најдобар ред и што е можно побрзо ќе се вратам на фудбалските терени“, вели Маневски по извршената операција.
Тој ќе остане на болнички третман до четврток, кога ќе биде пуштен на домашно лекување, а по три седмици ќе треба да се појави на повторна медицинска контрола. Првичните проценки се дека Маневски за еден месец би можел да почне со лесни тренинзи.