Поддршка за повредениот Боро: Соиграчите секогаш се тука, и во добро, и во лошо…
Борче Маневски доживеа скршеница на раката, а утринава беше и опериран во Градската болница во Скопје. По несреќниот пад на вчерашниот тренинг, тој ќе отсуствува од фудбалските терени на почетокот на пролетната полусезона, а соиграчите и стручниот штаб предмалку беа да го посетат. Работнички е големо семејство, фудбалерите си се држат како браќа, си се имаат и во добро, и во лошо.
„Комплетниот натпреварувачки погон, стручниот штаб и раководството на клубот, дојдовме во посета на повредениот Борче Маневски. Да му ја искажеме наашата поддршка во овие тешки мигови, и да му посакаме што е можно побрзо да се врати на терените“, вели спортскиот директор, Иван Поповски.