Јосип Бартон ќе го суди мечот Работнички – Младост ЦД
Работнички и Младост Царев Двор в сабота од 14 часот ќе ја отворат пролетната полусезона во македонската Прва Лига. Мечот ќе се одигра на комплексот на ФФМ, а правдата ќе ја дели судијата Јосип Бартон од Тетово.
Негови асистенти ќе бидат Емурли Иса и Небојша Ѓорѓијевски, а за четврти судија е делегиран Фатон Мустафи.
Делегат на овој натпревар е Никола Џорлев од Струмица, а улогата на контролор ќе ја извршува Алиларџан Хаџипази од Гостивар.